Категорија: Вести Среда, 26 Декември 2018
Јавната здравствена установа Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ набави нова опрема.
Јавната здравствена установа Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ набави нова опрема.
Дел од набавката се ново амбулантно возило, медицински апарати, хематолошки столици, како и две столици за транспорт по скали. Новите столови се наменети за пациентите и се први од овој тип во Македонија.
Со столовите ќе оперираат вработени во службата за итна медицинска помош. И оваа иницијатива е во насока на подобро здравство и задоволни пациенти, вели директорката на здравствениот дом Весна Спиркоска.
Здравствениот дом набави и хематолошки столици, како и друга опрема потребна за тековното работење на службите.