Мисијата на Здравствениот дом Битола „Д-р Хаим Абраванел“ е да обезбедува здравствени услуги со највисок квалитет, достапни за секој пациент, во секое време.
Оттука, Здравствениот дом Битола „Д-р Хаим Абраванел“ на подрачјето на општината Битола обезбедува:
Итна медицинска помош и домашно лекување;
Итна стоматолошка помош;
Превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца;
Поливалентна патронажа;
Стоматолошка заштита на деца до 14 годишна возраст;
Примарна здравствена заштита на деца до 14 годишна возраст;
Примарна здравствена заштита во руралните средини;
Превентивни здравствени прегледи на работниците;
Превентивни здравствени услуги за спортистите;
Биохемиско-лабораториска дејност;
Обезбедување со лекови;
Рендген дијагностика;
Здравствениот дом Битола врши примарна здравствена заштита за потребите на осудените лица и притворените лица сместени во КПЗ- Затвор Битола.
Здравствениот дом може да укажува здравствени услуги и на пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со лични средства доколку ги исполнуваат условите предвидени со Законот за Здравствената заштита.
Визијата на здравствениот дом е постојано надоградување на нашите услуги кон пациентите, следење на светските трендови во здравството и квалитетно опслужување на секој пациент соодветно на неговите здравствени потреби.
Организацијата на работата на Здравствениот дом се заснова врз начелата на:
Достапност;
Рационалност;
Ефикасност и
;
Континуираност на здравствената заштита.