Министерството за здравство на Република Македонија, во август 2017 година заедно со 17 други нови директори на здравствени установи во РМ, ја именуваше Д-р Весна Спиркоска за директорка на Здравствен дом Битола.
Со задоволни пациенти и задоволни доктори ќе имаме и поквалитетен здравствен систем вели Д-р Спиркоска, која на оваа позиција доаѓа по долгогодишно искуство во истата здравствена установа.
Здравствениот дом „Др. Хаим Абраванел“ е јавна здравствена установа која обезбедува примарна, превентивна и специјалистичко консултативна здравствена заштита за граѓаните на подрачјето на Општина Битола. Покрај понудата на најквалитетни здравствени услуги, се стремиме кон здравствен систем каде што пациентот ќе ги има сите свои права и каде што докторот ќе си го врати своето достоинство.“-вели директорката на здравствениот дом „Др. Хаим Абраванел“ Д-р Весна Спиркоска.
Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ располага со висококвалификуван медицински кадар и немедицински персонал
Главна медицинска сестра на Здравствен дом Битола
(Раководител на Сектор за материјално-финансиски работи и сметководство)