Категорија: Вести Сабота, 19 Јуни 2021
Денеска во посета на Здравствениот дом во Битола беше министерот за здравство Венко Филипче, кој направи увид во реконструираните делови на зградата.
„Нешто што е направено после 70 години, немало никава известиција од педесеттите години ,практично од кога почнал да функционира. Тоа значи дека целосно се реновирани внатрешните простории, ходниците, работните простории во делот на педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија, понатаму делот каде што се чуваат вакцините за оние вакцини од редовните колендар и ова е на некој начин континуитет на процесот што започна пред две-три години кога беше целосно реновирана службата за Итна медицинска помош. Овој здравствен дом опфаќа голем дел на пациенти на кои што дава здравствена услуга и се финализира со замена на кровот. Битола и Здравствениот дом во перидот кој што следи после помошта која што треба да стигне од Делегацијата на ЕУ кај нас ќе добие и ново амбулантно возило, а понатаму во целокупниот процес на подобрување на условите во здравствените установи, тука ставаме фокус на реновирањето на болницата. Сакам да и честитам на директорката, на целокупниот здравствен персонал кој што изминатиот период покажаа дека можат да се справат со менаџирање на Ковид кризата. Дел од вработените во здравствениот дом се дел од здравствени работници кои што го менаџираат целокупниот процес на вакцинирање и во салата, пунктот за масовна вакцинација, така што тие ги заслужуваат сите пофалби“ рече Филипче.
Директорката на Здравствениот дом, Д-р Весна Спирковска рече дека голема е честа за неа и е благодарна за присуството на министерот Филипче во овој момент кога имаат шанса да покажат што се направиле во изминатите четири години. „За овие неполни четири години успеавме да му ја промениме душата на Здравствениот дом, остана само надворешноиста, а додека сите служби дел по дел се реновираат, во овој момент ги промовираме трите служби каде што се завршени реновирањата, претходно беше брзата помош, а во тек е реновирањето на депото за лекови, а за наредната година останува уште лабораторијата“ рече Спирковска.