loader

Новости

Поставена монтажна барака за отстранување заштитни средства од медицински интервенции

Категорија: Вести     Петок, 13 Ноември 2020

Во Јавната здравствена установа Здравствен Дом „Д-р Хаим Абраванел“ - Битола поставена е монтажна барака за отстранување на употребените заштитни средства при медицински интервенции - во посебен дел.

Поставена монтажна барака за отстранување заштитни средства од медицински интервенции

„На овој начин обезбедивме уште една заштитна мерка од Ковид-19 за заштита на медицинскиот персонал, а уште повеќе на пациентите. Голема благодарност до ДООЕЛ „ФОД“ и директорот Методија Тасевски за оваа донација и нивната соработка. Сите заедно против Ковид-19“, велат од Здравствениот дом Битола.



Сподели: