loader

Новости

Здравствениот дом со сопствени средства набави нова маедицинска опрема

Категорија: Вести     Среда, 24 Јуни 2020

ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ - Битола, со сопствени средства набави НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА:

Здравствениот дом со сопствени средства набави нова маедицинска опрема

1. Набавен е стрес тест за Службата за спортска медицина за превентивни прегледи на младите спортисти за рано откривање на било какви кардиолошки проблеми. Целокупниот проект е во износ од 1.375.000 денари со ДДВ.

2. Набавени се седум полимеризирачки ламби (хелио) за потребите на Стоматолошката служба во вредност од 423.000 денари со ДДВ.

3. Набавени се три хематолошки бројачи:

• Тридиференцијален хематолошки бројач за лабораторијата во здравствениот дом,

•​Тридиференцијален хематолошки бројач за Службата за трудова медицина, наменет за систематски прегледи и

•​Еден петдиференцијален хематолошки бројач за Главната лабораторија од најновата генерација кој претставува пресврт во хематологијата и овозможува издигнување на значително повисоко ниво со нови дијагностички параметри добивајќи подобри услуги за пациентите.

Овој софистициран анализатор претставува многу повеќе од обичен бројач на крвни елементи со издигнат фокус на повисоко ниво и е ставен на детекција на патолошките примероци преку диференцијација на сите пет популации на бели крвни клетки.

Вкупната цена на трите хематолошки бројачи изнесува 1.477.000 денари ДДВ.

4. Набавени се два фармацевтски фрижидери за чување на вакцини во Школска медицина во вредност од 187.000 денари со ДДВ.

5. Набавен е подоскоп за Службата за школска медицина како иновација за рано откривање на промените на стапалата кај децата, во вредност од 253.000 денари со ДДВ.

6. Набавен е сколиометар во одделот на Спортска медицина, за рано откривање на деформитети на рбетниот столб.

Сите проекти се реализирани со сопствени средства на Здравствениот Дом.



Сподели: