loader

Новости

Комплетно реновирање во службата за детска и превентивна стоматологија

Категорија: Вести     Среда, 10 Јуни 2020

Службата за Детска и превентивна стоматологија ги започна стоматолошките прегледи на деца за запишување во прво одделение

Комплетно реновирање во службата за детска и превентивна стоматологија

Службата за Детска и превентивна стоматологија за работа со деца од 0-14 годидни при ЈЗУ Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, за прв пат, после 13 години работа во несоодветни и импровизирани услови, ги започна стоматолошките прегледи на деца за запишување во прво одделение, во 4 комплетно реновирани стоматолошки амбуланти, со нови керамички подови, со комплетно нова инфраструктурна инсталација и нова медицинска опрема.

Наместо непроодни ходници, со реновирањето се добија широки и светли чекални со соодветни столици за пациенти и комплетно реновиран санитарен чвор, како и сала за состаноци.

На тој начин ја подигнуваме оралната здравствената заштита на најмладите пациенти на повисоко ниво, а здравствените работници имаат значително подобрени услови за работа.

Блескавата насмевка на нашите деца е нашата цел!



Сподели: