Категорија: Вести Недела, 31 Мај 2020
Комплетно е обновена Службата за итна медицинска помош во Здравствениот дом во Битола, информираше преку Facebook Министерот за здравство Венко Филипче.
Проектот за реновирање на Службата за Итна медицинска помош во Битола има посебно место во рамките на програмата за афирмирање на проектите кои што имаат цел унапредување и развој на здравството во државата.