loader

Новости

Организирана работилница за тријажа за давателите на услуги во Итната медицинска помош

Категорија: Вести     Четврток, 28 Ноември 2019

Континуираната медицинска едукација на здравствените работници во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, како еден од врвните приоритети, продолжува со реализацијата на активности на тој план.

Организирана работилница за тријажа за давателите на услуги во Итната медицинска помош

Континуираната медицинска едукација на здравствените работници во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, како еден од врвните приоритети, продолжува со реализацијата на активности на тој план. На 26 ноември Хера во соработка со Министерството за здравство и со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации УНФПА организираше работилница за тријажа и упатување со осврт на репродуктивното здравје. Работилницата беше наменета за давателите на услуги во Итната медицинска помош, со цел да се унапредат нивните знаења за улогата на здравствениот систем во услови на криза, положбата на бремените жени во масовни несреќи и кризи, како и да се зајакнат нивните вештини во правилното тријажирање.



Сподели: