Категорија: Вести Четврток, 28 Ноември 2019
Во наменски предвидената „Просторија за едукација“ при реновирањето на Службата за Итна медицинска помош, во соодветен простор, започнаа стручни и едукативни состаноци на персоналот од службата.
Во наменски предвидената „Просторија за едукација“ при реновирањето на Службата за Итна медицинска помош, во соодветен простор, започнаа стручни и едукативни состаноци на персоналот од службата. За почеток, докторите присуствуваа на презентација и активно дискутираа на тема од витален интерес за работата. Имено, се дискутираше на тема „Принципи на напредно одржување на живот“ кај пациентите во животнозагрозувачки состојби.
Предавач беше Др.Моника Јовановска, сертифициран едукатор од „Медицински симулациски центар“ Скопје, вработена во Итната медицинска помош.